Проектот „Реконинг“ има за цел да ја промени ситуацијата со човековите права во светот и истражувачкото новинарство.
Кооснован од Жанин ди Џовани, известувачка за човекови права и истражувач во конфликтните зони, проектот се бори за правда и одговорност во време на војна, и пред јавноста и пред судовите.
„Отсекогаш сум работела во конфликтни зони, воени зони за последиците од војната и секогаш сум разговарала со преживеани. Некој мора да води евиденција за тоа. Мислам дека сите војни и сите места каде што луѓето страдаат треба да се третираат подеднакво“, вели Ди Џовани.
Проектот „Реконинг“ ги комбинира активизмот и новинарството, обуката на новинарите и истражувачите, да ги снимаат, собираат и чуваат изјавите и сведочењата, за да можат да се користат во правни случаи.
Тоа значи, меѓу другото, дека новинарите мора да поставуваат прашања кои не даваат насоки, и да не ги спремаат сведоците со кои разговараат за тоа како да одговораат.
Новинарите не се поврзани со ниту еден судски систем и добиваат поддршка од фондации и непрофитни организации.
Интервјуата понекогаш се појавуваат во медиумски текстови, но ди Џовани вели дека има поголема цел.
„Во овој краток рок, е работа со обвинители, работа со активисти, да се врши притисок врз ОН или владите. Долгорочно: да се обезбеди трајно сеќавање за она што се случило“, објаснува Ди Џовани.
Две години по инвазијата на Русија на Украина, проектот ја поставува основата за идните судења за воени злосторства.