Нови технологии за предупредување вулкански ерупции

Your browser doesn’t support HTML5

Научниците од Алјаска развиваат пристап базиран на виртуелен облак за складирање и анализа на податоци за вулканите за да ја зголемат брзината со која можат да предвидат ерупции. Деталите ги има Фил Диркинг.

Кога долго заспаниот вулкан во Алјаска почна да покажува нови знаци на активност минатата година, научниците користеа нови технологии за брзо анализирање на големи количини на податоци.

Повеќето набљудувања на вулкани користат сателити за да измерат како се движи земјата околу вулканите.

Тие податоци се пренесуваат на локални сервери и се анализираат. Но, големите датотеки може да бараат подолго време за анализа.

Новиот систем им овозможува на набљудувачите на вулканите да ги складираат и анализираат тие податоци во виртуелен облак. Ова заштедува време и обезбедува побрзо ажурирање на вулканите со подобро компјутерско моделирање за да се подобри предвидувањето на ерупцијата.

Тоа е особено важно на Алјаска, вели геофизичарот Макс Ендерс.