Светот низ фотографии
Палестинците на колички со магариња држат бели знамиња обидувајќи се да спречат да бидат застрелани, додека бегаат од градот Газа во населбата Ал-Римал, во центарот на градот Газа.
Израелски војник стои во куќа изгорена за време на нападот на 7 октомври во Кибуц Кфар Аза, блиску до јужната израелска граница со Појасот Газа.
Папата Фрањо на плоштадот Свети Петар, во Ватикан.
После 50 години вратени пандите од зоолошката градина Смитсонијан од Вашингтон во Кина.
Израелски војници во северен Израел во близина на границата со Либан.
Палестинците чекаат храна во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа.
Запалени свеќи во спомен на жртвите од супер тајфунот Хаијан на 10-годишнината од катастрофата во паркот во градот Таклобан, провинцијата Лејте.
Војниците на првата бригада Буревиј на Националната гарда на Украина вежбаат за време на борбена обука на воен полигон на северот на Украина.
Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп присуствува на судењето за граѓанска измама на Организацијата Трамп, во Врховниот суд на државата Њујорк во округот Менхетен во Њујорк.
Изборни резултати во Колумбус, Охајо, 7 ноември 2023 година. Гласачите во Охајо одобрија уставен амандман со кој се гарантира правото на абортус и други форми на репродуктивна здравствена заштита.
Воена парада во градот Степанакер (Канкенди), во регионот Нагорно-Карабах.