Светот низ фотографии

Роднините и пријателите на киднапираните во Израел на 7 октомври држат фотографии од нивните најблиски за време на протестот со кој се повикуваат на нивно враќање пред израелскиот парламент во Ерусалим.

Палестинците бараат преживеани под урнатините на уништената зграда по израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Кан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа.

Пазар на големо во Дака, Бангладеш.

Ален Роберт се искачува на облакодерот Tour TotalEnergies Coupole со повик за „Мир на Блискиот Исток“ во Путо, во близина на Париз, Франција.

Најмалку 157 луѓе загинаа во изолираните западни области на хималајската земја кога земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди крајот на 3 ноември.

Израелските војници се засолнуваат по предупредувањето за потенцијален напад во близина на Реим, Израел.

Самир Ајуб, вујко на три деца кои беа убиени во израелски воздушен напад, става цвеќе на нивниот автомобил во градот Аината, либанско погранично село со Израел во јужен Либан.

Аурора го осветлува небото во југозападниот сибирски регион Омск, Русија.

Пешак носи шопинг торба и гледа во својот телефон додека поминува покрај мурал кој украсува градилиште во центарот на Сиднеј.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговара со медиумите по неговите средби со турските колеги, при заминувањето од аеродромот Есенбога во Анкара, Турција.

Британскиот принц Вилијам учествува на настан со чамци во Сингапур.

7 ноември, 2023 година