23 ноември 2022 година

Еден аргентински фудбалски навивач го гледа тимот како губи од Саудиска Арабија на фудбалски натпревар од групата Ц на Светското првенство, одигран на голем екран во населбата Палермо во Буенос, Аирес.

Саудискиот репрезентативец Салем Ал-Давсари слави откако го постигна вториот гол за својата екипа за време на натпреварот од фудбалската група Ц на Светското првенство помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија на стадионот Лусаил во Лусаил, Катар.

Фирас Ал-Бураикан и Аргентинецот Николас Таљафико за време на фудбалскиот натпревар од групата Ц на Светското првенство помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија на стадионот Лусаил во Лусаил, Катар.

Потпретседателката на САД Камала Харис го посети селото Тагбурос и дозна за неодржливиот риболов, во Палаван, Филипини.

Селанец ја носи својата повредена ќерка по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа најмалку 162 лица, а стотици беа повредени, а други се водат како исчезнати, во Чианџур, Индонезија.

Мигранти стојат на рибарски брод на пристаништето Палеохора, по операцијата за спасување кај островот Крит, Грција.

Активистите за климатски промени на „Letzte Generation“ (Последна генерација) седат на патот за да го блокираат сообраќајот за време на утринскиот шпиц во Берлин, Германија, 21 ноември 2022 година.

Луѓето гледаат бранови како се удираат на морската патека во северниот шпански баскиски град Сан Себастијан.

Светот низ фотографии