13 ноември, 2022 година

Луѓе во Истанбул, бегаат од местото каде се случи експлозија во која загинаа најмалку шест лица, а се повредени повеќе од 80 луѓе.

Жител на Херсон бакнува Украински војник во центарот на градот. Војници на украинската армија влегоа во градот откако Русите ги повлекоа своите сили.

Стотици илјади луѓе излегоа на протестен марш во Мадрид, под слоганот „Мадрид се крева за правото на јавно здравство“.

Навивач на фудбалскиот тим Фламенго во судир со полицајци за време на немирите што настанаа после финалето во бразилскиот куп.

Волонтер ги собира знамињата што беа дел од церемонија по повод Денот на ветераните

Уметнички графит од британскиот герила-артист, Бенкси, се појави на дел од урната зграда во градот Бородијанка, во близината на Киев.

Луѓе во шок после експлозијата во Истанбул во која загинаа најмалку шестмина, а повеќе од 80 лица се повредени

Светот низ фотографии