Светот низ фотографии

Стотици илјади Авганистанци кои живеат во Пакистан се соочија со закана од притвор и депортација на 1 ноември, бидејќи крајниот рок на владата за нивно заминување предизвика масовен егзодус.

Џиновски октопод на надувување плови на брегот на реката Темза под британскиот Парламент, за време на акцијата што ја свика еколошката невладина организација Гринпис како дел од кампањата за заштита на океаните, во центарот на Лондон.

Илјадници конфекциски работници од Бангладеш ги забарикадираа патиштата, барајќи правични плати за облеката што ја прават за големите западни брендови.

Даниил Медведев пристигна на теренот за да игра со Бугаринот Григор Димитров за нивниот машки сингл натпревар на третиот ден од тенискиот турнир АТП Мастерс 1000 во Париз во Акор Арената, во Париз.
Ожалостен човек седи покрај урнатините во Појасот Газа.
Повеќе од 400 уништени и опожарени возила во Израел по терористичкиот напад од страна на Хамас на 7.октомври, 2023 година.
Британскиот крал Чарлс III нарачува храна од камион со храна на улицата Најроби во Најроби, Кенија.
Мачка седина гробишта во Северна Манила на Денот на сите светци во Манила, Филипини.
Врана седи на скулптурата на заштитникот на Киев Архангел Михаил на Плоштадот на независноста во Украина.
Пекинг прекриен во смог.
Изложени свеќи на гробиштата Мирогој на Денот на сите светци во Загреб, Хрватска.