Нова рунда преговори за унгарскиот кредит за бизнисот, ќе се преговара со секоја банка поединечно

Your browser doesn’t support HTML5

Од Сојузот на стопански комори денес побараа што побрзо да почне исплатата на средствата бидејќи на македонската економија и треба поддршка. Околу условите за фирмите кои би аплицирале за средства од кредитот, од Сојузот сметаат дека се поповолни од оние во комерцијалните банки

Две сценарија се во игра а во преговорите се вклучува и централната односно Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Дали Владата ќе ги покрие трошоците за кредитниот ризик останува отворено прашање. Конечен договор, според премиерот ќе има на крајот од оваа или на почетокот од следната недела.
Од Сојузот на стопански комори денес побараа што побрзо да почне исплатата на средствата бидејќи на македонската економија и треба поддршка. Околу условите за фирмите кои би аплицирале за средства од кредитот, претседателот на Сојузот на Стопански комори Трајан Ангеловски, смета дека се поповолни од оние во комерцијалните банки.