Нова наредба за евакуација на уште илјадници во пожарите во Лос Анџелес

  • VOA

Полицајци евакуираат постара жителка од нејзиниот дом за време на пожарот во Калифорнија, 8 јануари 2025 година

Повеќе од 130.000 луѓе во областа на Лос Анџелес се под наредба за евакуација рано денес, додека пожарникарите се борат со уште големи шумски пожари во кои веќе загинаа најмалку пет луѓе и беа уништени повеќе од 1.000 објекти.

Нов, брз пожар избувна доцна во средата во Холивуд Хилс, што ги поттикна најновите наредби за луѓето да бегаат на безбедно.

Метеоролозите соопштија дека сувите услови и силните ветрови кои се погодни за избувнување и ширење пожари се очекува да бидат до петок.

Силните ветрови принудија авионите што се користат за гасење пожари да бидат приземјени, но властите вчера рекоа дека ветровите се намалиле доволно за тие операции да продолжат.

„Вечерва, имаме многу благи услови на ветер каде што можеме да добиеме авиони и еден тон дополнителни ресурси да го опфатат овој пожар“, рече шефот на противпожарната служба Чад Августин.

„Тоа е она што ми дава доверба дека ќе се справиме со овој оган“.

Белата куќа соопшти доцна во средата дека Бајден го откажал планираното патување во Италија за да може „да остане фокусиран на насочување на целосниот федерален одговор во деновите што следат“.

„Подготвени сме да сториме сè колку што е потребно, за да ги ограничиме овие пожари и да помогнеме во реконструкцијата и да се погрижиме да се вратиме во нормала. Тоа ќе биде пеколно долг пат“, рече Бајден вчера.

„Ќе биде потребно време“.

Одделот за одбрана вети дека ќе обезбеди „дополнителен персонал и капацитети за гаснење пожари“ на Калифорнија.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес и Ројтерс