Нов бран од кинеска миграција кон Сејшели

Your browser doesn’t support HTML5

Архипелагот Сејшели во близина на источниот брег на Африка е спој и микс на разни култури. Инвестициите на Пекинг исто така, привлекоа нови емигрирања од Кина кои сакаат да прават бизнис со островската држава. Кејт Бартлет известува од главниот остров Махе.

„Кинески вкусови, понекогаш со додаток креолски шмек“, раскажува Моли Розели, жителка на Сејшелите со кинеско потекло.

Чау миен. Ако е кинеско јадење - тоа е хао миан. Миан значи глупак, но, ние велиме чау мин. Значи, се готви во креолската кујна.

Кинеско-сејшелската култура не се рефлектира само во храната, таа е исто така дел од потеклото на луѓето како Моли Розели и другите жители на Сејшелите кои имаат кинески бекграунд.

Розели течно зборува мандарински и ја доближува локалната култура со новиот бран кинески туристи и бизнисмени.

Сепак, новодојдените од Кина и долгогодишните жители не делат премногу заедничко, вели Пол Чоу, кој исто така има кинеско потекло.

„Јас зборувам само креолски. А тие зборуваат само кинески, така што нема шанси да се зближиме“, вели Чоу.

Во последниве години, Кина го насочи своето внимание кон стратешки лоцирани Сејшели, чија локација и овозможува лесен пристап до Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија.

„Мислам дека татко ми дошол на Сејшели во 1943 година. Но, тој не се нашол на Сејшели, случајно“, раскажува Чоу.

По потекло од јужна Кина, таткото на Чоу бил на пат кон Мадагаскар, популарно место во тоа време за Кинезите кои бараат работа. На некој на бродот му се слошило, а патниците биле ставени во карантин на Сејшелите. Таткото на Чау останал, нашол работа и се оженил со локална жителка.

„Кинезите се преселуваат каде што мислат дека има можност“, вели Чоу.

Во својата историја, Сејшелите биле дел од Франција, потоа Велика Британија, пред да стекнат независност во 1976 година. Сега е дом на мнозинството жители со креолско, со француско и африканско потекло.

Потомците на кинеските мигранти сочинуваат околу 500 до 1.000 од населението. Повеќето од нивните предци ја напуштиле Кина за да избегаат од сиромаштијата. Потоа, пред повеќе од 10 години, Пекинг започна да финансира градежни проекти во Сејшелите, со што донесе нов бран кинески работници.

Амбасадорот на Кина во Сејшели ги опишува како „симболи на билатерално пријателство“.

„Секако, за четирите години колку што бев министер за надворешни работи, видов како тие односи се унапредија“, вели Силвестере Радегонди, министер за надворешни работи на Сејшелите.

„Мислам дека Кинезите на Сејшелите не сакаат само да се стационираат, туку имаат интерес да можат да надгледуваат што се случува во Индискиот Океан. Кина е толку богата, што локалците сега сите ги поздравуваат Кинезите“, додава Чау.

Со оглед на тоа што туризмот е една од главните индустрии на Сејшелите, туристичките водичи како што е Розели со нетрпение го очекуваат новоотворениот директен чартер лет од Кина, со надеж дека ќе донесе нов бран на бизнис на Сејшелите.