Рентген-техничар од Клиниката за кардиологија одел на работа иако требало да биде во самоизолација

Your browser doesn’t support HTML5

219 – тоа е бројката на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија. Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи – повеќето во Скопје.

Главниот град има и најмногу заразени – 134, Дебар 43, Куманово 17, Штип 8.

Меѓу новозаболените е и рентген-техничар од Клиниката за кардиологија, кој, иако требало да биде во самоизолација, се појавил на работното место со видливи симптоми по што e тестиран целиот медицинки персонал што бил во контакт со него.

„Ова е случка во ангио-салата каде нема лежечки пациенти и тука лекарите се целосно заштитени од контакти со пациентите. Некој свесно се појавил заболен на работно место. За тоа ќе има санции“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска, со авионски летови од Малта и од Хрватска, во земјава се вратени неколку стотина македонски граѓани кои веднаш се префрлени во задолжителен 15-дневен карантин.