Американскиот Оддел за финансии најави нови санкции врз осум банки во Северна Кореја, како и врз 26 банкарски официјални лица.
Во соопштението се вели дека мерката е насочена кон Северна Кореја и нејзиното користење на меѓународните финансиски системи за развивање на оружје за масовно уништување и програмите за балистички проектили.
„Следен чекор од нашата стратегија е целосно да се изолира Северна Кореја, за да се постигне крајната цел за мирољубива денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Последната мерка е конзистентна со резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, објави Одделот за финансии.
Претходно месецотв, Советот за безбедност усвои нова рунда економски санкции врз Северна Кореја, како одговор на тестот на Пјонгјанг со наводна хидрогенска бомба.