Трамп: Би бил разочаран ако Северна Кореја ја обновува ракетната локација

Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, исто така, заклучи дека Северна Кореја „ инсистира на брза обнова“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека би бил многу разочаран ако се точни извештаите дека Северна Кореја ја обновува локацијата за лансирање ракети.

Повеќе извори информираат дека Северна Кореја обновува дел од проектилната локација, откако лидерот Ким Џонг Ун се обврза да го направи тоа на Самитот во Сингапур минатата година.

Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, исто така, заклучи дека Северна Кореја „ инсистира на брза обнова“.

„Ќе видиме што се случува. Евентуално ќе биде решено“, изјави Трамп.

Ваквите информации уследија денови откако втората средба Трамп - Ким Џонг Ун во Виетнам заврши без договор.