Северна Кореја ги отфрла предупредувањата на претседателот Доналд Трамп, дека ќе презеде воени акции против социјалистичкиот режим, ако државата продолжи со закани кон САД.
Трамп ги изненади критичарите и поддржувачите, дома и во странство, кога пред два дена најави напад врз Северна Кореја со „бес и оган, какви што светот не видел досега“, возвраќајќи на агресивната реторика на Пјонгјанг.
Командантот на ракетните сили на Северна Кореја Ким Рак Гјом, за Корејската државна информациска агенција, изјави дека не е возможен дијалог со претседателот Трамп, нарекувајќи го „неурамнотежен човек“, и оти само апсолутна сила може да делува врз него.
Тој нагласи дека планот за напад треба да биде финализиран до средина на август, а ќе треба да биде потпишан од лидерот Ким Јонг Ун, за да може да се примени.
Секретарот за одбрана Џим Матис изјави дека Северна Кореја ризикува катастрофален пораз ако почне војна, и го повика Пјонгјанг да престане со нуклеарното наоружување.
Матис вели дека Северна Кореја „треба да спречи секакви акции, со цел да се стави крај на нејзиниот режим и деструкција врз нејзиниот народ“.