Добитници се Американците Ерик Безиг и Вилијам Морнер и германскиот научник Стефан Хел.
Американците Ерик Безиг и Вилијам Морнер и германскиот научник Стефан Хел се добитниците на овогодишната награда за хемија. Во денешното соопштение во кое беше објавена наградата вредна 1,1 милион долари Кралската шведска академија на науки вели дека пробивот што го направила нивната работа ја донело „оптиќката микроскопија на нанодимензија“.
Оптичката микроскопија е пат користен од научниците за посматрање на клетките на молекуларно ниво што им дозволува да видат како молекулите формираат врска меѓу нервните клетки на мозокот, како и да ги следат протеините инволвирани во Паркинсоновата, Алцхајмеровата и други сериозни болести.