Тројца научници добија Нобелова награда за хемија за развој на литиум - јонската батерија

Наградата подеднакво ќе ја поделат Џон Гудинаф од САД, Стенли Витингам од Британија и Акира Јошино од Јапонија

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за нивната работа во развој на литиум - јонската батерија.

Наградата од 918.000 долари подеднакво ќе ја поделат Џон Гудинаф од САД, Стенли Витингам од Британија и Акира Јошино од Јапонија.

„Литиум-јонските батерии направија револуција во нашите животи откако првпат се појавија на пазарот во 1991 година“, соопшти Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија.