Тројца научници ќе ја делат Нобеловата награда за медицина

Тие дојдоа до нови сознанија за кислородот, кои можат да помогнат во новите начини за борба против анемијата, ракот и други болести

Двајца Американци и еден британски научник добија Нобелова награда за медицина и физиологија за нивните откритија за тоа како клетките ги чувствуваат и се прилагодуваат на промените на нивото на кислородот.

Наградата изнесува 918 милиони долари, а ќе ја поделат Вилијам Келин, Грег Семенца и Питер Ретклиф.

Нивните сознанија треба да помогнат во новите начини за борба против анемијата, ракот и други болести.