Затворениот кинески дисидент Лиу Ксиаобо ја доби Нобеловата награда за мир за 2010 за „неговата долготрајна и ненасилна борба за фундаментални права во Кина“.
Норвешкиот Нобелов комитет во Осло соопштението го издаде во петок, велејќи дека комитетот „долго верувал дека има тесна врска меѓу човековите права и мирот“.
Лиу беше осуден минатиот декември на 11 години затвор заради „подбуцнување субверзија спрема државната власт“. Тој е ко-автор и потписник на манифест што повикува на политички реформи во Кина.
Нобеловиот комитет кажа дека со строгата казна што му била дадена, Лиу станал „ главен симбол“ на долгогодишната борба за човекови права во Кина.
Кина Лиу го нарекува „криминалец“ и кажа дека Нобеловиот комитет ги прекршил сопствените принципи со почеста што му ја дава.