Њујорк е на четврто место во САД според случаите на трговија со луѓе

Your browser doesn’t support HTML5

Њујорк е на четвртото место во САД според случаите на трговија со луѓе, известува Националниот центар за ресурси за трговија со луѓе. Бројките пораснале со зголемувањето на недокументирани мигранти во градот. Известува Ауншуман Апте.

Лаура Мулен, која преживеала трговија со луѓе, ги поздравува градските власти во Бронкс на неодамнешниот настан на кој се истакнуваат маките на жртвите на трговија со луѓе. Таа била жртва во 2014 година.

„Бев во локалната продавница „7/11“. Немав пари, ниту работа, и зависничка на дрога. Тогаш, една личност дојде и ми понуди да се истуширам. Тоа беше ситуација во која ти нудат помош – храна и освежување. Ме одведе до неговиот дом и на крајот ме заклучи, а јас морав да се мачам за да избегам“, раскажа Мулен.

На Лаура и понудлие храна и шанса да се освежи. Но, и дрога, па ја принудиле на секс. Нејзиното искушение траело пет години, а во тоа време се плашела да го пријави лицето.

„Се плашев да се обратам до полицајците бидејќи се плашев да не бидам обвинета за тоа што го правев. Знаев дека тоа не е легално, дека дрогата не е легална“, вели Мулен.

Во 2019 година, Мален била уапсена под обвинение за дрога. По нејзиното ослободување, непрофитна организација ѝ помогнала да почне нов живот. Таа сега се бори против трговијата со луѓе.

Луѓето како Мален, работат на борбата против трговијата со луѓе во Њујорк, го забележуваат зголемувањето на случаите со приливот на недокументирани мигранти, кои трговците со луѓе ги искористуваат.

Жртвите често немаат работа, семејство или мрежа за поддршка, не ги знаат законите и не го зборуваат јазикот.

„Новите имигранти многу забележуваат на овие фактори и се работи за акутно ранливи категории. За многу од нив, тоа што го добија, веќе завршува. Избркани се од засолништата кои им беа дадени кога дојдоа. Немаат никаква способност да заработат за живот во економијата овде“, објаснува Соња Осорио од Националната организација за жени од Њујорк.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, вели дека градот работи на проблемот, но има потреба од финансии од федерално ниво и промени во законот за работни односи.

„Мораме да престанеме да го игнорираме проблемот. Гледаме што се случува поради неможноста мигрантите и барателите на азил да работат. Многу од овие млади дами се стремат кон ужасни работи за да го издржат своето семејство. Начинот на кој ја запираме трговијата со луѓе – како прво – е да ги следиме оние кои го вршат делото. Второ, дајте му на народот достоинствено да работи. Ако им дозволиме на луѓето да работат, тие не мора да прават незаконски работи“, истакна Адамс.

Борците против трговијата со луѓе предупредуваат – мигрантите не се единствените кои се жртва на трговија.

„Всушност во Њујорк, огромното мнозинство жртви на сексуална трговија се жени и девојчиња родени во САД. И тие имаат историја на неповолни искуства од детството, бездомништво, домови за згрижување, дисфункционални семејства или биле жртви на сексуална трговија како деца“, вели Таина Биен-Аиме од Коалицијата против трговија со жени.

Лаура Мулен, која преживеала трговија со луѓе, додава дека секој има своја улога.

„Ве молам отворете ги очите и ушите и имајте на ум дека тие се таму. Ако видете нешто, споделете го тоа“, апелира Мулен.