Нимиц: ОН ќе продолжат да помагаат ако Македонија и Грција имаат потреба

Your browser doesn’t support HTML5

Подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред, изјави медијаторот за грчката агенција АНА-МПА

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави, изјави медијаторот Метју Нимиц за грчката агенција АНА-МПА денес во Њујорк, по средбата со вршителот на должност министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

„Како претставник на Обединетите нации подготвени сме да бидеме од помош како што процесот се предвижува напред“, рече Нимиц.

Тој нагласи дека во изминативе месеци бил во контакт со двете страни, но, одби да коментира за политичкиот процес што се одвива и во Македонија и во Грција.

„Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат“, нагласи Нимиц.