Парламентот донесе закон со кој се обврзуваат компаниите како Фејсбук, Гугл и Јутјуб, да ги отстранат видеата и фотографиите со насилство, вклучувајќи и убиство
ВАШИНГТОН —
Австралија најави дека ќе воведе големи казни за социјалните медиуми, како и затвор до три години за извршните директори на компаниите, ако итно не ги отстранат содржините со насилство.
Законот што денес беше изгласан во Парламентот е резултат на масакрот во две џамии во Нов Зеланд минатиот месец, при кој беа убиени 50 лица.
Сега во Австралија е кривично дело ако компаниите, како Фејсбук, Гугл и Јутјуб, не ги отстранат видеата и фотографиите со насилство, вклучувајќи и убиство.
Компаниите, исто така, треба да ја информираат австралиската полиција за временската рамка за отсранување на овие содржини.