Засега потврдено дека животот го загубиле седум лица.
Слабее надежта дека ќе бидат најдени нови преживеани во експлозијата што вчера срамни две станбени згради во областа Харлем во Њујорк.
Засега е потврдено дека загинале седум лица. Спасувачките екипи во текот на ноќта без прекин трагаа по урнаините по деветмината што се` уште се водат како исчезнати. Во експлозијата, причинета од протекување на гас, беа повредени најмалку 63 лица, а таа беше толку силна што остатоци од зградите можеа да се најдат ширум соседството и на железничката линија во близина, што причини прекин во сообраќајот од и во станицата Гранд централ во текот на поголемиот дел од вчерашниот ден.
Жителите во непосредна близина непосредно пред експлозијата се јавиле во компанијата Консолидајтед Едисон, надлежна за доставата на гас во соседството, пријавувајќи дека мириса на гас.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио изјави дека се работи за трагедија од најлош вид, бидејќи немало време да се спасат луѓето.