Светот ја дочека 2018-та година

Стотици илјади лица се собраа на Тајмс сквер во Њујорк за да го прослават почетокот на 2018-та година, традиција што датира од 1904-та година.

Меѓу присутните имаше и илјадници полицајци и друг вид обезбедување. Познатиот плоштад беше преплавен, и покрај екстремно ниските температури од околу минус 12 степени Целзиусови.

Активистката Тарана Бурк која го започна движењето #Me Too, со цел да привлече внимание за сексуалните напади и малтретирање на работните места, им се придружи на градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио и неговата сопруга, на церемонијата на притискање на копчето со кое започна спуштањето на огромната кристална топка.

Во Лондон со огномет и одѕвонувањето на Биг Бен, беше поздравен почетокот на 2018-та година.

Речиси 1,5 милион луѓе се собраа за да проследат огнометот над познатиот мост Харбор и Оперската куќа во Сиднеј.

Во рамките на подготовките за прослава на Новата година во градовите ширум целиот свет, беа распоредени стотици илјади припадници на безбедносни служби.