Денес новиот Конгрес почнува со работа. Демократите сега ќе бидат мнозинство во Претставничкиот дом, две години откако републиканците имаа контрола врз Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом.
Демократската партија ќе има 235 места од вкупно 435, откако добија 40 места на делумните конгресни избори во ноември.
Во Претставничкиот дом ќе има повеќе од сто жени, вклучувајќи ја и Александрија Окасио-Кортес, најмаладата жена избрана во Конгресот, како и две муслиманки Рашида Тлаиб од Мичиген и Илан Омар од Минесота.
Деб Халанд од Ново Мексико и Шарис Дејвидс од Канзас се првите две Домородни Американки во Конгресот.
Ненси Пелоси се очекува да биде избрана за спикерка на Претставничкиот дом. Таа беше на оваа функција од 2007-та до 2011-та година, и е единствена жена која била на оваа позиција досега.