Наука: Стружење мраз од автомобилското стакло

Oдмрзнувањето на авионските крила и трупот може да стане дел од минатото

Научници од Универзитетот во Мичиген велат дека најверојатно може да се најде решение за еден од најнеобожуваните обврски во зима – стружење мраз од автомобилското стакло.

Земајќи различен пристап во потрага по ефикасно и трајно средство за одмрзнување, истражувачите откриле дека за кристалите на мразот е многу потешко да се задржат на гумена површина отколку на површина како што е автомобилско стакло.

Како резултат на феноменот наречен „површински напон“ со само мал напор дури и со сила на гравитацијата, може да се скрши мраз од површина третирана со соединение од гума.

Новата облога покажа состојба да издржи стотици циклуси на замрзнување - одмрзнување. Научниците со мали адаптации развиле одмрзнувач за различни видови на површини.

Првата практична апликација може да биде достапна за една година, првично во замрзнувачи за индустриска употреба кадешто работниците имаат голем проблем за разделување на пакетите со замрзната храна. Автомобилите и авионите се следни - велат научниците.