Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во вторникот победи на прелиминарните избори во Њу Хемпшир.
Сандерс освои 26% од гласовите, оставајќи го на второ место поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ кој освои 24% од гласовите.
Сандерс неговиот настап го нарече „голема победа“ пред поддржувачите во Манчестер и предвиде дека демократите на крајот ќе се обединат во обид да го поразат Трамп.
Сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар е на третото место со 20% од гласовите. Ова е изненадување откако анкета на универзитетот во Њу Хемпшир во понеделникот покажа само 7% поддршка за неа.
Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, се најде на четвртото место со 9% од гласовите, а потоа следуваше поранешниот потпретседател Џо Бајден со 8%.