12-годишник го убил наставникот и ранил двајца соученици, пред да си го одзеде животот.
12-годишник го убил наставникот и ранил двајца соученици, пред да си го одзеде животот, е крвавиот биланс на нападот во основно училиште во градот Спаркс, во сојузната држава Невада.
Напаѓачот се самоубил уште пред да пристигне полицијата. Двајцата ранети ученици се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба. Убиениот наставник, 45-годишниот Мајкл Ландсбери, е армиски ветеран. Тој бил застрелан кога се обидел да ги заштити учениците. Од 150 и 200 полицајци одговориле на повикот за помош. Училиштето Спаркс ќе остане
затворено до крајот на неделата.
Ова е најнов во серијата инциденти со огнено оружје ширум САД. Пред една година, во основното училиште Сенди Хук во сојузната држава Конектикат, загинаа 20 деца и шест возрасни.
Ова е најнов во серијата инциденти со огнено оружје ширум САД. Пред една година, во основното училиште Сенди Хук во сојузната држава Конектикат, загинаа 20 деца и шест возрасни.