Неизвесност во парламентарните избори во Холандија

Народната партија за слобода на Рут, пред гласањето имаше тесно водство пред Партијата за слобода и демократија на Вилдерс.

Холанѓаните гласаат на парламентарните избори со фокус на битката меѓу партиите предводени од премиерот Марк Рут и законодавецот Герт Вилдерс, познат по анти-имиграционите и анти-исламски ставови.

Народната партија за слобода на Рут, пред гласањето имаше тесно водство пред Партијата за слобода и демократија на Вилдерс.

Во холандскиот парламент има неколку политички партии, така што без оглед на тоа која партија ќе освои најмногу места, за да се формира идната влада, ќе биде потребна коалиција. Овие преговори можно е да траат со месеци, а поголемите партии индицираа дека нема да соработуваат со Вилдерс.

За време на кампањата Вилдерс ветуваше забрана за муслимански имигранти, затворање на џамии, забрана за продажба на Куранот и желба за повлекување од ЕУ.

По Холандија, следуваат претседателски избори во Франција во април, и во Германија во септември.