Несогласувања околу условите за дебатата меѓу Трамп и Харис

Доналд Трамп и Камала Харис

Двајцата кандидати за претседател на САД - демократската потпретседател Камала Харис и нејзиниот републикански противкандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп - никогаш не се сретнале, ниту разговарале меѓу себе, но сепак имаат несогласувања околу условите на нивната прва средба лице в лице на нивниот планирана дебата закажана за 10 септември.

За време на дебатат на Трамп и Бајден кон крајот на јуни, микрофоните беа исклучени кога зборуваше другиот кандидат.

Сега, Харис бара да се остават микрофоните вклучени во текот на дебатата. Тоа е потег што би можел да доведе до поживи, директни размени меѓу двајцата кандидати - што милионите гледачи што се очекува да ја гледаат дебата да имаат можност проблемите на конкурентските гледишта на кандидатите да ги слушнат.

Камала Харис и Доналд Трамп

Брајан Фалон, портпарол на кампањата на Харис, изјави дека „кампањата на Трамп го претпочитаат пригушениот микрофон затоа што мислат дека нивниот кандидат не може да се воздржи 90 минути“. Тој вели дека Харис „е подготвена да се справи со постојаните лаги на Трамп и прекини во реално време“.

Трамп во меѓувреме посочи дека тоа не му прави многу разлика, давајќи изјава пред новинарите во понеделникот: „Се согласивме со истите правила. Не знам, не ми е важно... Договорот беше дека ќе биде исто како и минатиот пат, во тој случај микрофонот беше запиран“.

Самиот Трамп во неделната вечерна објава на неговата платформа „Truth Social“ предложи дека можеби нема да се појави на дебатата за ABC (Еј Би Си). Трамп го изрази своето незадоволство околу неделното ток-шоу за вестите на мрежата со „т.н. Панел на мразители на Трамп“ и реторички праша: „Зошто би ја водел дебатата против Камала Харис на таа мрежа? Тој ги повика следбениците да „Останат во тек!!“

Прва дебата на Доналд Трамп и Џо Бајден

Дебатата Трамп-Бајден на 27 јуни одигра клучна улога во претседателската кампања во 2024 година. 81-годишниот Бајден го изгуби својот циклус на мисли и не успеа директно да го предизвика Трамп, што демократските сојузници во Конгресот го повикаа да ја прекине кампањата за реизбор. Тој се повлече на 21 јули и ја поддржа Харис, при што клучните демократски функционери брзо ја прифатија нејзината кандидатура.

Харис и Трамп никогаш не се сретнале лично или не разговарале по телефон, иако редовно се шегуваат меѓусебно со политички исмејувања.