Во неделата што измина се лансираше ракета во Кејп Канаверал на Флорида. Приватната компанија за вселенски летови „SpaceX“ ги здружи силите со НАСА за да го лансира најновиот сателит за набљудување на Земјата.
На врвот на ракетата Фалкон 9 се поставени Планктон, Аеросол и Клауд сателити на океанскиот екосистем или скратено ПЕЈС.
Од вселената, НАСА вели дека ПЕЈС ќе го проучува микроскопскиот живот во водата и микроскопските честички во воздухот. Тоа значи дека научниците ќе можат да ги проучуваат ефектите од климатските промени врз фито-планкто-нот, малите организми за кои научниците велат дека произведуваат околу 50% од кислородот што го дишеме.
Во извештајот на „Space Flight Now“ е наведено дека лансирањето на ПЕЈС ја означува првата мисија на американската влада насочена кон половите на Земјата, по неуспешното лансирање во 1960-тите.
Исто така, претходната недела рускиот космонаут влезе во историјата по соборувањето светски рекорд за најмногу кумулативно време поминато во вселената.
За време на пишувањето на овој извештај, 59-годишникот поминал повеќе од 878 дена и 12 часа во вселената, соборувајќи го претходниот рекорд. Тој од 2008 година досега имал пет патувања до Меѓународната вселенска станица.
Неговото сегашно патување започна во септември минатата година, и ако се оди според планот, Кононенко ќе стане првиот човек што ќе акумулира илјада дена во вселената до крајот на мисијата.
Конечно, за нас останатите кои сме на Земјата, претстојното уживање за гледачите на небото во Северна Америка - целосно затемнување на Сонцето – ќе се случи на 8 април.