По повеќе од 20 години во Небраска извршена прва смртна казна, овој пат со употреба на моќен опијат наместо електрична столица
Во сојузната држава Небраска по повеќе од две децении, беше извршена првата егзекуција. Смртната казна беше со комбинација на лекови која никогаш порано не била користена, вклучувајќи ја и првата употреба на моќниот опијат фентанил.
Шеесетгодишниот Кери Дин Мур беше осуден на смрт за убиство на двајца таксисти во Омаха во 1979-та година.
Мур е првиот затвореник кој бил егзекутиран во Небраска со користење на комбинација на лекови. Сојузната држава последната егзекуција ја изврши во 1997-та со користење на електрична столица.
Сведоци велат дека немало компликации во процесот на егзекуцијата.