НБА: Сан Антонио првиот финалист

Your browser doesn’t support HTML5

НБА: Сан Антонио првиот финалист

Го декласираше Мемфис со 4:0 и го чека подобриот од дуелот Мајами - Индијана.

Тони Паркер (Сан Антонио) во дуел со Марк Гасол (Мемфис)

Со за него рекордни 37 поени сезонава и завидлива прецизност од 15 погодоци од 21 обид, Тони Паркер беше најзаслужен за синоќешната победа на Сан Антонио спарс против Мемфис гризлиз од 93:86 и пласманот во финалето на плејоф-натпреварувањето во НБА.

​Сан Атонио го декласираше Мемфис со четири едноподруго победи во серијата напревари „најдобар од седум“ и сега го чека подобриот од дуелот Мајами хит - Индијана пејсерс. Резултатот во таа серија е 2:1 за актуелниот шампион Мајами, а следниот натпревар се игра вечерва во Индијана.

Сан Антонио е во финалето за првпат од 2007-ма, кога ја освои шампионската титула против Кливленд кавалирс со вкупен резултат од 4:0. Леброн Џејмс тогаш играше за Кливленд.