Најчевска: Првите одлуки на новата Влада треба да биде признавање на Палестина

Your browser doesn’t support HTML5

Универзитетската професорка, Мирјана Најчевска, смета дека една од првите одлуки на новата Влада треба да биде признавање на независната држава Палестина.

Дали македонските власти ќе го следат примерот на Шпанија, Ирска, Норвешка, Словенија, и други држави и ќе признаат постоење на независна палестинска држава или не, од Владата за Гласот на Америка велат дека внимателно ја следат ситуацијата на Блискиот Исток и оти се свесни за значењето на прашањето за признавање на Палестина како независна држава. Во моментот додаваат дека се вршат консултации со сите релевантни меѓународни фактори и со сојузниците од НАТО за да се осигура дека секоја одлука што ќе биде донесена ќе биде во најдобар интерес за државата и ќе придонесе кон мир и стабилност во регионот.