Еден полупроводнички транзистор е помал од зрно песок.
Но, милијарди од нив, уредно спакувани заедно на чип можат да го поврзат светот, преку контрола на военото оружје дури и со вашиот вашиот автомобил.
Но, американското производство на оваа технологија почната во Америка, опаѓа во последниве децении.
„Како нација, произведувавме 40% микрочипови за целиот свет. Сега произведуваме помалку од 10 отсто“, вели Енди Ванг, од Универзитетот на северна Аризона.
Администрацијата на Бајден објави финансирање од 6,6 милијарди долари за најдобриот светски производител на чипови за изградба на трет објект во Аризона.
Тајванската компанија за производство на полупроводници вели дека ќе направи САД на пат да произведат 20 отсто од најсовремените светски полупроводници до крајот на оваа деценија.
Финансирањето доаѓа во рамки на двопартискиот Закон за ЧИПС и наука од 2022 година, кој претседателот Бајден го истакна при посетата на првиот објект во Аризона.
„Американското производство се врати на здрави основи“, рече Бајден.
Инженерите велат дека законодавството се справува со клучната слабост во американското производство на чипови.
„Само што влеговме во циклусот од последните 15 до 20 години, каде иновациите се забавија. Се работи за финансиски резултати, исплати на инвеститори и откуп на акции, а ние го загубивме тој иновативен мускул. Законот за ЧИПС е совршена можност тоа да се врати“, вели Тод Ахил, од Универзитет на Калифорнија, Беркли.
Но, велат тие, на Америка итно ѝ треба обучена работна сила. Белата куќа објави дека оваа нова инвестиција може да отвори 25.000 работни места во градежништвото и производството. Дали има доволно работници?
„Нашиот колеџ за инженерство е најголемиот во земјата, со над 33.000 студенти, а сепак слушаме од компании од полупроводничката индустрија дека не можат da добијат работна сила што им е потребна на време“, вели Захари Холман од Државниот универзитет на Аризона.
Оваа компанија од 2022-ра ги произведува некои од најнапредните чипови во светот. Производството на чипови станува сè покомплексно и поскапо. Бајден се надева дека во САД ќе се произведуваат најмоќните чипови во светот.