ВАШИНГТОН —
Припадникот на специјалните морнарички сили на САД Едвард Галагер не е виновен за убиството на тинејџерот милитант на Исламската држава во Ирак во 2017-та година, пресуди воената порота во Сан Диего.
Сепак, тој беше прогласен за виновен поради сликање со неговото мртво тело.
„Ова навистина никогаш не требаше да се стави на судење“, рече неговата одбрана.