Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес објави дека го прекинува штрајкот со глад откако беше прегледан од цивилни лекари.
Ова го објави Навални од неговиот профил на Инстаграм. Тој започна со штрајк со глад на 31-ви март во знак на протест против, како што рече, недостатокот на медицинска нега.
Во својата објава, Навални додава дека двапати бил посетен од лекари, кои направиле тестови и анализи за кои ќе добие „резултати и заклучоци“.
Тој напиша: „Го губам чувствота во областа на рацете и нозете и сакам да разберам што е тоа и како да се лекувам, но имајќи го предвид напредокот и сите околности, ќе го прекинам штрајкот со глад“.
Тој рече дека ќе бидат потребни 24 часа за целосен прекин од штрајкот со глад и им се заблагодари на „добрите луѓе на Русија“ за поддршката.
САД и другите земји воведоа санкции за официјални лица на Кремљ во врска со труењето, а беше побарано и ослободување на Навални.