Столтенберг: Северна Македонија мора да има 5Г мрежа за влез во НАТО

  • Јела де Франчески

Your browser doesn’t support HTML5

Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникацијата, изјави Генералниот секретар на Алијансата

Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Северна Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација, изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.

„На пример, постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Северна Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат“, изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањето за Кина и нејзиното влијание во регионот.

„Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија“, рече тој.

На прашањето зошто е важно НАТО да има отворена врата за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг рече:

„Кога нашите соседи се стабилни и ние сме безбедни. Кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни“, изјави Столтеберг, нагласувајќи дека на тој начин ќе се обезбеди демократија, просперитет и мир за стотици милиони граѓани од Источна и Централна Европа.