Столтенберг: НАТО работи на средба со Русија

Алијансата бара друга формална средба со Москва, по самитот на организацијата кој се одржува во Варшава подоцна неделава

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека посакува средба на Советот НАТО – Русија, „кратко после“ самитот на Aлијансата во петок и во сабота, на кој ќе присуствуваат лидерите на владите на 28-те членки на Алијансата.

Тој додаде дека „транспарентноста и ризикот треба да бидат важна тема“ на средбата на Советот НАТО - Русија. НАТО ќе продолжи да биде „одговорен, транспарентен и предвидлив актер“, и ќе остане „отворен за дијалог со Русија,“ кажа Столтенберг.

Последната средба на Советот НАТО – Русија, која се одржа во април, Столтенберг ја опиша како настан со „длабоки и постојани недоразбирања.“