Сенатот го изгласа Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО

Your browser doesn’t support HTML5

Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли

Сенатот го изгласа пристапниот Пртокол за влез на Северна Македонија во НАТО, со 91 глас „за“ и два „не“.

Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли.

Во јули годинава, пак, Пртоколот го ратификуваше и Сенатската комисија за надворешни работи.

Претходно, претседателот на САД Доналд Трамп испрати писмо до Сенатот за „разгледување и согласност“ на пристапниот Протокол.

Во официјалниот допис од Белата куќа стоеше целосната ратификација на Протоколот ќе и` овозможи на Северна Македонија да стане дел од Северноатлантскиот договор и членка на НАТО.

Во него беше истакнато дека Северна Македонија е решителен партнер на САД, и оти од членството во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и на НАТО Алијансата.

„Барам Сенатот да обезбеди препорака и согласност, и мојата администрација е подготвена да помогне во неговите излагања“, соопшти тогаш Белата куќа.