Ставридис: Мислам дека Македонија е следна држава во НАТО

Тоа би било следен чекор кон обединување и зацврстување на Балканот, рече за Гласот на Америка, поранешниот командант на НАТО

Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата и за Македонија да влезе во НАТО, изјави за Српската редакција на Гласот на Америка, поранешниот командант на НАТО, генералот Џејмс Ставридис.

Ставридис смета дека Македонија е следна држава која ќе се приклучи кон НАТО Алијансата.

„Тоа би било следен чекор кон обединување и зацврстување на Балканот“, рече тој.

Your browser doesn’t support HTML5

Адмирал Џејмс Ставридис

И потпретседателот на САД Мајк Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, на почетокот на месецов, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја истакна поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Македонија.

„Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец“, соопшти тогаш Белата куќа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по изборот на новата Влада, порача државата да ги спроведе потребните реформи, вклучувајќи владеење на правото, со цел да го забрза нејзиниот пат кон евроатлантската интеграција.

„Како што Скопје ќе напредува, НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, преку нејзината канцеларија во главниот град“, рече Столтенберг.