Претседателот на САД Доналд Трамп го смени советникот за национална безбедност.
Во четвртокот вечерта, Трамп со порака на Твитер објави дека дека армискиот генерал-полковник Х. Р. Мекмастер ќе биде заменет со Џон Болтон, поранешен американски амбасадор во Обединетите нации кој во моментов е аналитичар на конзервативниот телевизиски канал Фокс Њуз.
Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп и Мекмастер „се договориле“ офицерот да се пензионира.
Болтон се смета за лице од тврдата линија и интервенционист во врска со прашањата за надворешната политика и одбраната.
Болтон неодамна се залагаше и за прв напад врз Северна Кореја како и за напуштањето од нуклеарниот договор со Иран.
„Мислам дека цел на американската надворешна политика е да ја стегне Северна Кореја до тој степен што режимот ќе попушти, а притисокот од Кина ќе помогне на долгорочен план за постигнување на целта“, рече Џон Болтон, поранешен амбасадор во Обединетите нации.
Мекмастер ќе биде на местото до средината на април.