Популарната американска трка на автомобили НАСКАР го истражува, како што го нарече во неделата, „грозоморниот чин“, откако беше пронајдена бесилка во гаражата на Буба Валас, единствениот Афроамериканец кој вози во НАСКАР.
Валас рече дека е „неверојатно тажен“ и додаде дека чинот е „болен потсетник за тоа колку понатаму треба да одиме како општество и колку упорни мора да бидеме во борбата против расизмот“.
Валас доби голема поддршка од другите возачи за неговото барање пред две недели НАСКАР да го забрани истакнувањето на конфедерациското знаме на трките.
Тој ја истакна потребата да се залага за заедница и рече дека оние што се вклучени во спортот „нема да бидат спречени од активностите на оние што сакаат да шират омраза“.
Валас доби голема поддршка од другите возачи за неговото барање пред две недели НАСКАР да го забрани истакнувањето на конфедерациското знаме на своите трки.
НАСКАР во изјавата рече дека ќе стори сé што може за да се идентификува одговорните за случајот „и да ги отстрани од нашиот спорт“.
Инцидентот се случил во јужната држава Алабама, која требаше да биде домаќин на трката во недела пред да биде прекината од врнежи на дожд.