Леталото Касини детално го истражи Сатурн и неговите месечини и патем испраќаше неверојатни фотографии и откритија што укажуваат на можноста дека во далечните делови на Сончевиот систем, постои живот
По 20-годишна мисија и две продолжувања, леталото Касини, денеска се распадна над Сaтурн.
Научниците и инженерите во НАСА го регистрираа прекинот на врската со сондата, како што беше планирано, во 7 часот и 55 минути по локално време
Касини детално го истражи Сатурн и неговите месечини и патем испраќаше неверојатни фотографии и откритија што укажуваат на можноста дека во далечните делови на Сончевиот систем, постои живот.
Научниците веќе планираат идни мисии на планетата Сатурн и неговите месечини, со цел, потемелни истражувања за можноста за живот.
Мисијата Касини започна во 1997-та година и, меѓу другото, има собрано 635 гигабајти научни податоци коишто ќе се анализираат уште долго време.