МВР разби терористичка ќелија - уапсени се четворица осомничени

Министерот Тошковски потврди дека станува збор за група која планирала дестабилизација на државата. Уапсените се од Гостивар и Струга кои биле следени подолг период додека контактирале со терористички организации и припадници од странство

СКОПЈЕ – Полицијата утрово уапси четири лица кои се осомничени дека формирале терористичка келија и планирале да ја дестабилизираат државата со насилни и екстремистички акции. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковки, потврди дека станува збор за келија која се обидувала да регрутира и други македонски државјани во своите редови и активности, подолг период имале контакти и со насилни екстремисти и членови на терористички групи и организации во странство.

Осомниченичените, нивните активности и контакти биле следени подолго време од домашните безбедносни служби вклучувајќи ја и Агенцијата за национална бебзедност (АНБ) како и од безбедносни служби и агенции на партнерските држави со кои биле разменувани информации.

„Станува збор за терористички организации, четири лица се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече министерот Тошковски.

Од утрово полиција врши претреси на повеќе локации во струшкиот и гостиварскиот регион и собрани се голем број докази.

„Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи“, соопшти Тошковски.

Од Обвинителството соопштија дека акцијата сеуште е во тек и дека повеќе детали ќе бидат соопштени утре.