Муртезани вели дека уставни измени мора да има

Your browser doesn’t support HTML5

„Без уставни измени нема продолжување на ЕУ-процесите“ – министерот за европски прашања, ресор кој со новата влада прерасна во министерство го кажа она што и претходната власт постојано го зборуваше – заради пристапниот процес Бугарите треба да влезат во Уставот.

„Без уставни измени нема продолжување на ЕУ-процесите“ – министерот за европски прашања, ресор кој со новата влада прерасна во министерство, на првата прес-конференција по преземањето на функцијата го кажа она што и претходната власт постојано го зборуваше – заради пристапниот процес Бугарите треба да влезат во Уставот. Тоа, како што рече Муртезани, е клучен приоритет на „Вреди“ – коалицијата од чии редови тој доаѓа.