Можат да водат борба, да транспортираат, да гаснат пожари: Армијата со 230 милиони евра ќе набавува хеликоптери од Италија

Постоечките транспортни хеликоптери Ми-17 и Ми-8 ќе бидат заменети со воени хеликоптери во производство на италијанскиот производител „Леонардо“ (Воена НАТО вежба 'Брз одговор 23' на армискиот полигон Криволак)

Договорот за набавката ќе биде потпишан деновиве, по што ќе почне процедурата за нивно производство и доставување во земјава. Според одлуката, ќе бидат набавени четири хеликоптери од типот AW149 и уште четири од типот AW169M

Осум воени хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ ќе набавува македонската армија во периодот од 2026 до 2028 година.

Набавката ќе чини околу 230 милиони евра и ќе опфати и техничка поддршка, обука за пилоти, изградба на хангар за хеликоптерите. Тоа денеска го најави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со претставници на воздухопловниот ВИНГ на македонската армија.

Брифинг за набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери од Италија за македонската армија, (14, март, 2024)

„Беше извршена сеопфатна и објективна анализа на сите алтернативи преку голем број на матрици и утврдена методологија кои вклучуваа тактичко-технички перформанси на хеликоптерите, опременост со системи за реализација на потребни мисии, системот за одржување, цени, обуки, перспективност и слично“ рече Петровска.

Договорот за набавката ќе биде потпишан деновиве, по што ќе почне процедурата за нивно производство и доставување во земјава. Според одлуката, ќе бидат набавени четири хеликоптери од типот AW149 и уште четири од типот AW169M.

Набавка на италијански воени хеликоптери за македонската армија

Првиот хеликоптер се очекува да пристигне во земјава во втората половина на 2026 година.

Како што објасни заменикот-командант на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игор Чкоров, се работи за хеликоптери што биле избрани според перформансите за различни намени, како воени, така и за разни ситуации како транспорт, спасувачки акции, гаснење пожари.

Набавка на италијански воени хеликоптери за македонската армија

„Со пристигнување на новите хеликоптери и нивната опрема ќе дојде до значително зголемување на способностите на воздухопловната компонента на Армијата, како во воени, така и во мирновременси услови во поддршка на граѓаните за време на кризни состојби и елементарни непогоди“, рече полковникот Чкоров.

Првиот трансфер на средствата за набавка на хеликоптерите треба да оди авансно и да изнесува 16% од договорената сума, односно околу 36.8 милиони евра. Втората рата треба да се плати идната година и треба да достигне вкупни 42% од цената што ќе треба да се плати.

Брифинг за набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери од Италија за македонската армија, (14, март, 2024)

Во сумата, како што објасни министерката, хеликоптерите ќе бидат испорачани со пакет кој ќе содржи: Комплет опрема за перформансите и способноста за извршување на специфични мисии; Интегриран логистички пакет со комплет резервни делови и потрошен материјал, специјален алат, испитно мерна опрема и земска опрема за двата хеликоптери.

Воена вежба „Блесок 22“ на Криволак

Во пакетот се договорени и потребни обуки за летачкиот и техничкиот персонал, како и таканаречен тренажер за обука. Сумата подразбира изградба и на хангар во кој би се чувале хеликоптерите.

Македонската армија моментално располага со транспортни хеликоптери Ми-8МТ и Ми-17, со лесни школски хеликоптери Bell 206, како и авиони Zlin 242L.

Според планираното, овие воздухоплови ќе се сервисираат и постепено ќе се повлекуваат од употреба во периодот од 2025 до 2023 година.