Морси пред суд во ноември

Египетски суд закажа судење за соборениот претседател по обвиненија за поттикнување насилство и убиство на опоненти додека бил на функцијата
Египетски суд во среда го одреди датумот 4-ти ноември за почеток на судењето на исламистичкиот лидер и 14 членови на неговото забрането Муслиманско братство, вклучувајќи и неколку негови врвни советници.

Обвиненијата произлегуваат од смртоносните судири во Каиро доцна минатата година кога властите велат дека најмалку 10 лица биле убиени откако Морси наводно ги поттикнал поддржувачите на Братството да ги убијат противниците кои протестирале по декретот со кој се штитат неговите одлуки од судски надзор.

Сто илјади луѓе се собраа пред претседателската палата на 4-ти декември, кои исто така демонстрираа против проблематичниот нацрт-устав што беше набрзина усвоен од парламентот во кој доминираат исламисти.

Официјални лица од Братството и нивната политичка партија негира користење насилство и кажаа дека нивни поддржувачи ја бранеле палатата. Тие ги обвинија опонентите за започнување на битките и за потиснување на полицијата која ја штитела областа.