Нов инцидент во Мисури

Полицаец убил вооружен тинејџер–црнец

Полицаец усмртил вооружено лице од афро-американско потекло во Беркли, предградие на Сент Луис. Инцидентот се случил на бензиска пумпа во близина на местото каде полицаец – белец во август годинава, уби тинејџер – црнец.

Портпаролот на градската полиција соопшти дека офицерот направил рутинска проверка на двајца мажи на бензинската пумпа, кога еден од нив вперил пиштол во него. Ова го приморало полицаецот да отвори оган. Второто лице вмешано во инцидентот успеало да избега.

Полицијата соопшти и дека осомничениот има минато на проблеми со законот, како напади и вооружени кражби.

На местото на настанот веднаш потоа се собрала мала група граѓани, спротиставувајќи се на полицијата. Локалните медиуми убиеното лице го индентификувале како 18-годишниот Антонио Мартин.