Денеска во Скопје се одржува 20 Министерски состанок САД-Јадранска повелба. По 20 години постоење на овој формат беше заклучено дека тоа е платформа која придонесува и за натамошно зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот. На состанокот учествува и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер. „Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност“, изјави домаќинката на настанот, министерката Славјанка Петровска.
„Дваесетгодишно наследство на нашето партнерството е камен-темелник на нашата стратешка одбранбена позиција, правејќи ги нашите заеднички напори основа на нашите одбранбени институции, појасни таа. Со овој дух мора да продолжиме напред и на тој начин оваа повелба да остане симбол на доверба, просперитет и сложност на сите нејзини земји членки, како и на регионалната заедница“, рече Петровска.
Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзиСлавјанка Петровска, министерка за одбрана
„Нашата сила лежи во цврстата основа на партнерството. Предизвиците со кои се соочуваме се големи. Потребна не е само колективната мудрост, туку и цврстата посветеност за поттикнување на безбедност, стабилност и соработката. Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност“, додаде Петровска.
„Ја поздравувам и силната поддршка на Соединетите Американски Држави кои беа најсилните мотиватори и поддржувачи на европските и евроатлантските агенди на земјите членки на Јадранската повелба. Би сакала да изразам благодарност за континуираниот ангажман за зачувување на регионалната стабилност и евроатлантската перспектива на земјите од Западен Балкан.“