Интервју на македонскиот министер за одбрана за Гласот на Америка
На синоќешна конференција во организација на фондацијата Бертелсман во Вашингтон се разговараше за растечкиот бран миграција на глобално ниво и кои се начини за полесно справување со овој тренд. Како тема, меѓу учесниците, не изостана ниту кризата со бегалците и мигрантите во Европа. Гостин во Њусфлеш беше македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.